МИРАКОВСКА : ЕП ДАВА ЈАСНА ПОДДРШКА НА ЗЕМЈАВА ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИЈАТА – ВО ДОНЕСЕНИОТ ДОКУМЕНТ ВНЕСЕНИ МАКЕДОНСКИТЕ ЦРВЕНИ ЛИНИИ

0
776

На 19-тиот состанок на мешовитиот парламентарен Комитет донесовме важни препораки за нашата земја, важни за одностите помеѓу Македонија и Европската унија, изјави во Утрински брифинг Соња Мираковска, копретседавач со Мешовитиот парламентарен комитет Северна Македонија – ЕУ.

Документот кој го носиме е упатувачки. Тоа е документ кој го носи мешовитиот парламентарен Комитет, кој е формиран со договорот за асоцијација и стабилизација меѓу Македонија и Европската унија. Овој Комитет до сега оддржа 19 состанока и постојано има препораки. ТИе препораки многу често може да се најдат во документите на Советот, во документите на ЕК, на ЕП. На некој начин кога европратеници ќе изгласаат една таква препорака која се упатува на институциите на ЕУ и на Северна Македонија ќе држи до ставовите, вели Мираковска.

-Ние успеавме во овој значаен документ, како точка три да ги внесеме црвените линии на Владата на Република Северна Македонија. Тоа значи прифање на преговарачка рамка со чиста формулација за македонскиот јазик, јасна заштита на македонскиот идентитет, третман на историските прашања надвор од рамките и почеток на преговрите пред отпочнување на било каква постапка за менување на Уставот, вели Мираковска.