КОСТАДИНОВ : ВО СТРУМИЦА ЌЕ СЕ ГРАДИ ПАРК ОД 28 000 МЕТРИ КВАДРАТНИ

0
342

Струмица ќе биде најзелена Општина во државата 🌳 🌿

Секоја педа слободен простор, ќе ја претвориме во зелена површина.
За здрави граѓани, чиста и зелена средина.

Уште еден нов парк ќе имаме на просторот на поранешната касарна, кај новата детска градинка „Виножито“.

Таму деновиве започнаа активностите за расчистување на просторот од старите градби кои што беа останати во тој дел од касарната, а истовремено се изведува и хидрантска мрежа за наводнување.

Паркот офаќа површина ор 28.000 метри квадратни, поделен на два дела, хортикултурно уреден, со пешачки, велосипедски и патеки за џогирање.

Од срце за зелена Струмица ❤️💚

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов.