ГРУЈО ГИ СПРЕМА ЗАТВОРИТЕ ЗА ОНА ШТО ГО ЧЕКА НЕГО И ПРВИОТ ЕШАЛОН ВО ДПМНЕ: Чистка во затворите – постарите вработени се заменуваат со партиски кадри?!

0
1250

idrizovo1

Од пред два дена, посебно по најавите дека затворениците ќе штрајкуваат низ затворите по Македонија се случува вистинска чистка. Донесени се тепачи од општинските комитети на владејачката партија од неколку скопски општини кои чекаат знак доколку затворениците се побунат да влетаат и да ги тепаат, пишува порталот Доказ.

Организатор бил извесен Ага Зенан од Идризово. Како што пишува порталот, се менуваат постарите вработени со стаж од над 20 години и истите се прераспределуваат на работа како помлади инспектори, а новите донесени партиски кадри стануваат командири. Порталот пишува дека Зенан им ги собрал телефоните на затворениците.

Доказ уште и наведува дека новото крило кое се градеше во Идризово е готово, и внатре било како во хотелски апартмани, но засега никој не се сместувал таму.