КОСОВСКИ МЕДИУМИ : НАПАЃАЧИТЕ НА КОСОВСКАТА ПОЛИЦИЈА СЕ КРИЈАТ ВО МАНАСТИРОТ БАЊСКО, ОД МАНАСТИРОТ НЕГИРААТ

0
436

Косовски медиуми објавија неофицијални информации според кои напаѓачите кои стојат зад вчерашниот напад, кои убија еден косовски полицаец, а повредија друг неофицијално се криеле во манастирот Бањско.Од манастирот пак за српскиот портал КоССев.инфо изјавиле дека таму немало никакви напаѓачи, туку таму биле „заглавени“ 50 лица верници од Нови Сад, Србија. Се криеле во манастирот, бидејќи им било страв од настанатата ситуација.

„Никакви напаѓачи ниту има, ниту имало. Вчера во манастирот пристигна група од 50-на верници од Нови Сад со својот свештеник. Се уште се таму, се е блокирано па не можат да го напуштат манастирот. Преплашени се. Околу 2 часот утрото беа разбудени од силни детонации, имаше многу истрели од околните ридови. Се се тресеше“, изјавиле од манастирот за српскиот портал.