КОВАЧЕВСКИ : 32 ГОДИНИ СЕ ПОТВРДА НА ПОСВЕТЕНОСТА НА СДСМ НА ДРЖАВНИТЕ УСПЕСИ И ДОБРОТО НА ГРАЃАНИТЕ

0
288

32 години го обликуваа нашиот досегашен пат како суверена, независна и демократска држава. За СДСМ изминативе 32 години ја потврдија посветеноста на државничките успеси, на напредокот, прогресот и доброто за граѓаните, рече денеска претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во обраќање на традиционалниот пикник по повод Денот на независноста, 8 Септември.

-Сите овие години ја потврдија и решителноста на сите наши граѓани за слободна, напредна и економски развиена татковина, рамо до рамо со европските народи. Надминавме бројни предизвици и секој од нив не направи посилни.  Успеавме на трнливиот пат иако не беше воопшто лесно. Со право денеска граѓаните имаат длабоко чувство на гордост.  За СДСМ изминативе 32 години ја потврдија посветеноста на државничките успеси, на напредокот, прогресот и доброто за граѓаните.  Не оформија како државотворна политичка партија која секогаш била на вистинската страна на македонската државност и македонска историја. И сите ние, македонски социјалдемократи имаме на што да бидеме горди, рече Ковачевски.

Тоа што СДСМ го носеше товарот на клучните предизвици на современата македонска држава е нашиот државнички влог кој трае до ден денешен. Од создавањето на современата македонска држава по мирен пат, преку меѓународното етаблирање и признавање, членството во НАТО па се до почетокот на преговорите со ЕУ, додаде тој.

-Оваа денешна реалност, кога светот ја признава македонската државност, македонскиот јазик, идентитет, културна посебност, кога Европа ни отвора врата да седнеме на големата маса, рамноправни, го дава суштинското значење на државничките одлуки, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.