КОВАЧЕВСКИ : ФАКТ Е ДЕКА НАШИТЕ ГРАЃАНИ ДЕНЕСКА ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ОНА ШТО ГО ИМАА СО ДПМНЕ

0
278
Денес нашите граѓани имаат повеќе од она што го имаа во времето на ДПМНЕ, неспоредливо повеќе, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на денешната трибина „Повеќе за сите“ во скопски Аеродром.
-Ветувањето за 500 евра просечна плата, го исполнивме предвреме, и со износ поголем од ветениот. Денес просечната плата е над 100 евра повеќе од тоа ветување и изнесува 37.876 денари. 614 евра!  Ова значи дека ја покачивме просечната плата за 250 евра во однос на 2016 година, кога изнесувала околу 360 евра. Овој раст не беше стопиран ниту за време на ковид пандемијата, ниту во период на економско-енергетска криза, рече Ковачевски.
Ние го цениме трудот на работниците и го вреднуваме. А ДПМНЕ ги смета работниците за евтина работна сила, дополни Ковачевски.
-За 5 и пол години СДСМ ја покачи минималната плата двојно повеќе, од тоа што го обезбедила Влада на ВМРО ДПМНЕ за 10 години. Денес, имаме и историски највисока минимална плата и изнесува 20.175 денари или 328 евра. Тоа е платата која што мора работодавачот да ја исплати. Од 2012 година до 2016 година, пак, значи за 5 години, во време на ДПМНЕ, минималната плата пораснала само за 2.000 денари. А, тогаш немало ни светска здравствена, ниту светска економска криза, рече Ковачевски.
И пензионерите добиваат повеќе со СДСМ, потенцираше претседателот Ковачевски.
-Оние што се вградиле во изградбата на земјата заслужуваат достоинствена старост, заслужуваат повеќе, и со СДСМ имаат повеќе. Просечната пензија СДСМ ја покачи на околу 20.000 денари, што е зголемување од околу 100 евра во споредба со 2016 година. Со новата методологија на пресметка на пезниите, пензиите веќе пораснаа во просек 5.000 денари во однос на тоа што изнесуваа. Само за година и половина имаме 24% покачување на пензиите. Минималната пензија денес изнесува 13.150 денари, што е за 4.300 денари повисока во однос на 2016 година, односно повисока пензија 47% рече Ковачевски.
Сите овие бројки се резултат на системски политики и мерки, кои помогнаа да се справиме и да одговориме на предизвиците од кризата, да ги заштитиме граѓаните, да ја одржиме ликвидноста на компаниите и економијата.
-Ветив и како премиер и како Влада, дека ниту еден граѓанин, ниту една дејност, никој нема да биде оставен сам да се справува со економско-енергетската криза. И тоа ветување не остана на збор, го реализиравме со конкретни конкретни и таргетирани мерки, рече денеска претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски на трибината „Повеќе за сите“ во Аеродром.