БОМБА НА ФОКУС: ЗОКИ КИЧЕЕЦ ВМЕШАН ВО ПРЕСМЕТКИТЕ НА БАНДИТЕ ВО СКОПЈЕ?!

0
991

Одземањето на моќта на „Дуќанџик“ и групата од Грчец била цел на повеќе криминални структури со политичко-полициска поддршка, кои предизвикаа земјотрес во скопското подземје. Мета за отстрел во оваа битка стана Штекли, кој бил дел играта на сојузот „Беланоца“ – „Барон“ за „разоружување“ на Дуќанџик, која веќе е обезглавена. Што стои во заднината и каде тука се вклопува добропознатиот Кичеец?Неделникот „Фокус“, во серија текстови, пишуваше за тоа како криминалните кланови влегоа во сурова битка до истребување, па за само неколку месеци се случија четири мафијашки убиства и два напади врз Раде Трајковски – Штекли.Неговото име во последните години не се споменуваше многу често по медиумите, освен кога беше уапсен и екстрадиран, а не се поврзуваше ниту со последните мафијашки убиства.

Но, сепак, стана цел на напад, што ја откри неговата поврзаност со новокомпонираната група во подземјето „Барон“. Според неофицијалните информации на „Фокус“, за да се разберат причините за нападите врз Штекли, треба да се вратиме многу наназад.Нашите извори, кои континуирано ги следат активностите на скопското подземје, велат дека наводното обезбедување на казината се најголема причина за крвавата војна, која датира од деведесеттите и почнува кога една група се двои на две – „Беланоца“ и „Дуќанџик“.

Последното прегрупирање, според нашите извори, почнува со разбивањето на моќниот клан „Дуќанџик“, кој заедно со групата од Грчец имаа политички врски со крилото од партијата на власт кое се отцепи и формира, нова политичка партија.Овие групи, здружени заедно ја имале превласта и во кафулињата, дискотеките, но и во казината. Во прилог на ова, е акцијата на МВР „Безбеден град“ која официјално не се знае кога почнала.

Оваа оперативна активност почна почесто да се споменува по убиството на Жила. „Фокус“ тогаш објави дека на списокот за редовна контрола и претрес на безбедносни интересни лица кои се спроведуваат од единицата „Тигар“ во содејство со СВР Скопје од вкупно 49, дури 47 лица се припадници на картелите „Дуќанџик“, „Грчец“, како и „Бундес“.
Но, тука ги нема членовите на групата „Беланоца“, „Кондово“, како и на една неформална група што се издвојува – „Барон“. Како што објавивме, оваа група е релативно нова и се „брендирала“ според кафуле што се наоѓа во Чаир. Во неа членуваат повратници од боиштата во Сирија, истренирани борци.

Но, она што е помалку познато во јавноста е тоа дека своја улога во „разоружувањето“ на „Дуќанџик“ и групата од Грчец, имал и обвинетиот и осуден во случајот „Рекет“, Зоран Милески – Кичеец.
Тој беше единствениот што призна вина во овој случај за којшто долгогодишни казни добија поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева и Бојан Јовановски познат како Боки-13.
Кичеец е познат по јавноста по снимањето на разговори со познати бизнисмени и политичари, а казната затвор ја издржуваше во затворот од отворен тип во Струга.
Додека ја издржуваше казната, предизвика сообраќајка во која загина едно лице. Но, за ова беше осуден само на шест години затвор и сега е слободен граѓанин откако ги издржа затворските казни и за „Рекет“ и за сообраќајката.

Наводно, од него почнува преземањето на казината со помош на одредени структури во полицијата, бизнис во кој неофицијално за месечно за обезбедување се земале по 78 илјади евра.
Во оваа шема влегува и Штекли заедно со групата „Барон“, која, пак, е на страната на „Беланоца“ со база во Сингелиќ и Арачиново, лутиот противник на „Дуќанџик“ (Пластичарска, Чаир, Бутел…).
Освен овие случувања, треба да се земе предвид и отцепувањето на фракцијата од владејачката партија, луѓе кои се блиски со „Дуќанџик“ и „Грчец“, додека поддржувачите на „Беланоца“ и „Барон“ останаа на власт.

Освен новиот контекст на политичката сцена, пред убиствата имаше промени и во полициските структури. Па така, во септември 2022, Примислав Димовски беше сменет од началник на Единицата за интервентна полиција, кој до 2019 година беше командант на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфа“.
Оваа единица беше токму за борба со уличниот криминал, но по неговата смена, најверојатно „борбата“ со овој криминал ја презеде Специјалната антитерористичка група „Тигар“ чија примарна задача е планирање и извршување најсложени задачи во борбата со тероризмот и други сложени задачи.

Сепак, оваа единица сега е „главна“ во справувањето со подземјето. Никој не може да потврди дали плановите на Кичеец, во кои своја улога има и Штекли, се совпаднале со оние на полицијата, да се намали моќта на „Дуќанџик“ и Грчец.Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.