(ВИДЕО) Спасовски од Гевгелија: Списокот по потреба се полнел со „изборни туристи“

0
995

Генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски придружуван од претседателот на Надзорниот одбор на СДСМ, Мирослав Вујиќ, денес беа меѓу граѓаните на Гевгелија и гевгелиско.

„Како и во цела Македонија и за граѓаните од овој регион главни проблеми се иселувањето на младите, лошата инфраструктура, невработеноста и нискиот животен стандард.

Врнежите од дожд не беа пречка за граѓаните. Секој сака да слушне што носат промените по следните слободни, фер и демократски избори.

Спасовски презентираше дел од мерките во програмата на СДСМ каде што главни приоритети се отварањето на нови работни места и обезбедувањето на достоинствен живот за граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

– СДСМ има тим и има мерки во програмата за менување на работите. Бесплатно болничко лекување, укинување на радиодифузната такса, враќањето на ефтина тарифа на струјата и пензионирањето по старосна основа се само еден сет на мерки. Концептот на целата програма е економско издигнување и отворање на нови работи места за младите да останат дома, во својата татковина. Во фокусот ќе ни биде човекот и неговите потреби, рече Спасовски.

„Во однос на хаосот во избирачкиот список којшто деновиве стана видлив и достапен за јавноста, како и срамните одлуки на Уставниот суд, Спасовски рече го покажуваат она што СДСМ цело време го говори, дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ спроведувале криминални избори и изборни фалсификати“, соопштуваат од СДСМ.

– Се потврдува тезата дека имаме сериозни проблеми и манипулации во избирачкиот список. Јас и мојот тим во Министерството откривме бројни злоупотреби на државните институции, преку нелегално издавање на лични карти, без документи. Секаде кадешто ќе се проценело дека е потребно се полнел избирачкиот список со „изборни туристи“. Затоа овој хаос мора да се расчисти а секој оној којшто учествувал во изборен криминал мора да одговара, рече Спасовски.

Спасовски ги повика граѓаните на Гевгелија да се вклучат активно во процесите за обезбедување фер избори во Македонија и враќање на слободата, демократијата и правдата.

– Мораме сите заеднички да се вклучиме и да ставиме крај на сите криминални политики и да создадеме општество каде што секој ќе има нормални услови за живот. Заедно да се избориме волјата на граѓаните да биде испочитувана во целост, рече Спасовски.