КОВАЧЕВСКИ : СРЕДБАТА СО МИЦКОСКИ ДАДЕ РЕЗУЛТАТ, ВМРО-ДПМНЕ ГО ПРОМЕНИ СТАВОТ И ПОДДРЖА УСТАВНИ ИЗМЕНИ

0
579
Во интервју за емисијата „360 степени“ на Телевизија Алсат, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски изрази задоволство од средбата со Мицкоски која што ја оцени и како успешна.
„По средбата сите можевме да се увериме дека ВМРО-ДПМНЕ го промени својот став и поддржува уставни измени кои што уставни измени значат вклучување на други народи во Преамбулата на нашиот Устав, вклучително и на делови од бугарскиот народ. И тоа е промена на позицијата која што ВМРО – ДПМНЕ ја имаше“ истакна Ковачевски.
Претседателот Ковачевски посочи дека самиот Мицкоски тоа го потврдил во изјава по средбата додавајќи дека сето тоа е добра основа за продолжување на дијалогот.