Ај сеа да резимираме…

0
1255

vlatko.vasilj

Ај сеа да резимираме. ДПМНЕ и ДУИ поднесуваат предлог закон за забранување и објавнување на бомбите и целиот материјал што претходно бил поврзан со бомбите да биде изришан, вклучувајќи ги и социјалните мрежи. Тоа допира до јавноста и јавноста за неполн ден ги актуелизира бомбите, голем дел од луѓето ги споделуваат повторно, за повторно да се актуелизираат сите тие лоши муабети што беа дел од бомбите. Се освежува меморијата на сите и сите се потсетуваат на што имаат сторено преку муабетите. Бомбите се повотрно актуелни и свежи.

Во меѓувреме ДПМНЕ и ДУИ со предлогот се демантираат себеси од претходните изјави дека бомбите се лепени, сечени, прелепувани, полуточни и неточни.

Народот продолжува да објавува и пак на актуелизирање ги вади бомбите за пошироката јавност. За брзо време се организира и протест, се собира народ и искажуваат револт. После неколку часа, предлагачите од ДПМНЕ и ДУИ го повлекуваат предлог законот.

За ДУИ не знам, ама ДПМНЕ за толку брзо време да направи вакви грешки и испади во јавност е за неверување, но е возможно. Возможно е од аспект дека тие веќе ја губат подлогата под нозе, народот се освестува а нивниот инат и самоувереност мислејќи си дека се уште ги држат работите под контрола, им се враќа како бумеранг.

На оваа тема ќе го цитирам Линколн кој вели: Еден дел од народот можеш да го лажеш цело време. Целиот народ можеш да го лажеш извесно време. Но целиот народ не можеш да го лажеш цело време.

Епа не можеш. Никој не може, па макар бил и на власт 10 години!

Влатко Васиљ