КОВАЧЕВСКИ : СДСМ НА ИЗБОРИТЕ ЌЕ НАСТАПИ СОЈАСНА ПРОГРАМА КОЈА НОСИ РЕЗУЛТАТ И РЕАЛНИ ПРИДОБИВКИ ЗА ГРАЃАНИТЕ

0
237
СДСМ на изборите ќе настапи со јасна програма која исто како и досега ќе донесе видливи резултати и реални придобивки за граѓаните. Програма со која и платите и пензиите ќе продолжат да растат, програма која ќе обезбеди економски развој, подобри услови за домашните компании и за странските инвеститори, програма која ќе обезбеди продолжување на политиките на грижа за сите.” порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски во интервјуто за Слободен печат.
Ковачевски нагласи дека фокусот на СДСМ ќе е програмата да се искомуницира со јавноста на начин кој ќе обезбеди целосна информираност на граѓаните, преку јасни, прецизни и недвосмислени пораки врзани со подобрувањето на животот на граѓаните на нашиот европски пат.
Воедно, го истакна своето очекување дека политичките партии кои нема да имаат конкретни програми со конкретни придобивки за граѓаните ќе пробуваат да ја замајуваат јавноста со нејасна реторика, да поттикнуваат национализам, да прават тензии, сѐ со цел да го прикријат фактот дека немаат вистински и јасен план за иднината на државата. Како пример посочи како функционира и сега опозицискиот блок и какви им се сега пораките, при што е јасно дека ниту ВМРО ДПМНЕ ниту кој било друг од опозицискиот блок, имаат конкретен план. ֦Велат да дојдеме на власт, па ќе ви го кажеме планот.
Граѓаните во огромно мнозинство сакаат земјата да е членка на ЕУ, и СДСМ и коалицијата тоа и ќе го испорача “, посочи претседателот Ковачевски, додавајќи дека политиките кои се спроведени со досегашната програма дадоа резултат.
֦Околностите во моментов не дозволуваат да сме неопределени по прашањето на иднината на државата. Условите се многу специфични, а влогот е огромен. Јасната определба дали сме „ЗА“ или сме „ПРОТИВ“ европската иднина на државата е најважното прашање од кое ќе зависи дали ќе направиме сериозен исчекор напред или не. „Не знам“ или „ќе видиме“, дефетизам едноставно не е опција во моментов, прескапа ќе биде цената на неодлучноста” – потенцираше Ковачевски.
„Mора да ни е кристално јасно дека нашата одлука денес, влијае врз тоа какво утре ќе имаме сите ние заедно” нагласи претседателот Ковачевски во интервјуто за Слободен печат.