КОВАЧЕВСКИ : НАПРАВИВМЕ МНОГУ ЗА РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ, НО БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА

0
235
На денешниот Осмомартовски Марш по повод Интернационалниот ден на жената, претседателот на СДСМ Ковачевски се осврна на фактот дека Владата предводена од СДСМ направи големи исчекори во обезбедувањето на родовата еднаквост, рамноправност, заштитата и поддршката на жените во општеството.
Во однос на законските решенија, СДСМ изминативе 7 години направи огромни исчекори при што е усвоен Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, а воедно еве е изработена и Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 која е основниот стратешки документ со кој се поставува основата за унапредување на родовата еднаквост и зајакнување на жените.
“Тука сакам да ви ветам дека јас ќе бидам тој којшто ќе го предложи законот за родова еднаквост. Не може мажите да се кријат зад жените и да ги пуштаат жените да го предлагаат законот за родова еднаквост. Мажите треба да застанат во прв ред и тие да го предложат законот за родова еднаквост. Затоа, јас ви ветувам дека по 8 Мај, како претседател на Владата, првиот закон кој ќе го предложам ќе биде закон за родова еднаквост, јас прв, мажите до мене и жените рамо до рамо со нас.“ истакна Ковачевски
Ковачевски се осврна и на Законот за Буџети со кој се гарантира родов аспект во секој буџет, а со тоа и еднаков пристап до ресурсите на жените и мажите, како и на фактот дека СДСМ го реши правото на користење надоместок за мајчинство, за жените земјоделки. Воедно, во 2022 година Владата на СДСМ го донесе загарантираниот износ на минимална плата, која сега ќе достигне 22 500 денари, што е најголема прдобивка за економската независност на жените.
„Да, направивме многу, но нашата работа не застанува тука. Нашата борба продолжува. Мора да ги удвоиме напорите и да изградиме општество во кое насилството врз девојки и жени е минато, а родовите стереотипи не постојат. Патот го трасиравме и од него враќање назад нема“ беше дециден Ковачевски.