РИСТОВСКИ : МОЈОТ ДВОР ВО ТЕОВО МИ Е ИЗВОРОТ НА ПОЗИТИВНА ЕНЕРГИЈА

0
1764

Актерот Сашо Ристовски на социјалните мрежи е доста активен.Тоа што никогаш не сме го запрашале е неговиот начин на живот,односно зошто и која е причината што тој многу често го минува времето во неговиот крај, село Теово.

1.Зошто често заминувате надвор од Скопје и веднаш пишувата на социјалните мрежи ,,Подалеку од градската врева”.Која е причина?

– Секој слободен миг го користам да заминам надвор од Скопје.Знаете со текот на годините човек се менува и посакува различни нешта.Јас ги полнам батериите кога ќе излезам од градот.Постојано сум со обврски во различни денови од седмицата, па прв слободен ден, а гледам да имам, го користам да заминам надвор од Скопје.Неколку дена каде слушаш постојани сирени од автомобили, брза помош, постојана напнатост кај луѓето, едноставно заморува.Затоа и го палам веднаш автомобилот и далеку од градската врева, најчесто во моето село Теово.

2. Можеме да видиме дека вие одгледувате животни.Од каде љубовта кон животните? – Јас љубовта кон животните ја имам од кога знам за себе.Таа љубов ја имаш или ја немаш.Тука нема глума.Животните ја чувствуваат и веднаш ја возвраќаат.Таа љубов е искрена и чиста.Да ние семејно имаме преку 50 кокошки, 11 мачки…размслувам веќе и на други животни,но сеуште немам одлучено.

3.Одгледувањето на органска храна е денес тренд.Дали вие одгледувате? – Да.Мене никогаш не ми било важно дали е тренд или не.Важно ми е дали јас сакам да го правам тоа или не.Јас тоа го сакам и посветено и искрено го работам.Одгледуваме: кромид,лук, цвекло,моркови, компири,грав,пченка,пипер повеќе врсти, домати, бостан, лешник, орев и уште многу плодови.Денес, а и од кога паметам одгледуваме домашен зеленчук и овошје.

4.Може да се забележи дека имате огромен и уреден двор.Колку време е потребно за да биде така уреден дворот? – Многу.Дворот и целиот имот се мој извор на позитивна енергија.Во ова време невреме нема поубаво и поздраво човек максимално да се посвети на своето, да го негува со љубов.

5.Традиционалото е видливо,но може да се забележи и модерното, огромен базен кој ретко може да се види.Како успевате да го направите спојот помеѓу традиционалното и модерното? – За тој спој е задолжена нашата мајка.Таа е најумешна во тоа,а ние сме извршители.Нејзините идеи се фантастични. Умешно на спојот треба да ја поседуваш во себе.Што се однесува до базенот, тој е еден од нашите семејни печат,кој веќе трае 25 години.

6. Уредувањето на вашата куќа е традиционално.Видливи се многу предмети кои се ретко видливи во денешно време.Станува збор за колекционерска љубов или наследство? – Уредувањето на нашата куќа е во духот на традицијата.Темелите на оваа куќа се стари над 150 години и сметам дека таа енергија на традицијата треба да се негува.Сето она што е во нашиот дом е сочувано од нашите предци и сега и ние го правиме истото.За мене нема поскапоцени и повредни предмети од овие кои се во нашиот дом. Сеуште ја чуваме носијата на мојата прабаба.Носијата е стара еден век.Разбојот на кој се ткаела облеката порано и постелата сеуште е во нашиот дом.Поседуваме предмети уште од родителите на мојата баба кои со љубов се чуваат во нашиот куќа. Тие секогаш не навраќаат на минатото,на нашиот корен,на нашите предци кои живееле тука.

7. Дали размислувате целосно да се преселите во село Теово? – Тоа е мојата желба.Јас тука сум свој. Уживам во секој час кога сум тука.Ова е моето чистилиште.Светот е полн со негативни лица и овде се чувствувам среќно и духовно прочистено.Се надевам дека првата можна прилика јас ќе се префрлам со живеење и адреса тука.

Сега е таква поставеноста на работите и постојано сум на релација некоја, бидејќи решив комплетно да и се посветам на мојата професија. 8. Колку и што значи за вас село Теово? – Многу.Сите мои патишта водат до тука.Каде и да одам морам да дојдам тука.Во селската црква Св.Атансиј сум крстен, детството ме врзува овде, спомените со моите баба и дедо…

Можеби чудно е сето ова, но за мене е гордост, јас сум горд што во моето срце е Теово.Кој не бил тука не знае.