КОВАЧЕВСКИ МУ ОДГОВОРИ НА ФЕЈСБУК СТАТУСОТ НА ЦВЕТАН ТРИПУНОВСКИ : ПЛАТАТА НА ДИРЕКТОРОТ НА ТУТУНСКИ КОМБИНАТ – ПРИЛЕП, КИРЕ СТАНКОСКИ ОД 120.000 ДЕНАРИ Е ВРЗ ОСНОВ НА МЕНАЏЕРСКИ ДОГОВОР НА ОСТВАРЕНА ДОБИВКА НА КОМБИНАТОТ, ДОДЕКА ПРЕТХОДНО КОГА МЕНАЏИРАЛЕ ВМРО-ДПМНЕ КОМБИНАТОТ БЕЛЕЖЕЛ ПОСТОЈАНА ЗАГУБА!

0
683

На 16 декември оваа година премиерот Димитар Ковачевски изјави дека Министерството за информатичко општетсво и администрација веќе започна да работи на изготвување на предлог закон за конзистентност на платите од страна на високи државни претставници.

На новинарско прашање од страна на уредникот на порталот ,,Народен Глас”, Рубин Иваноски тој одговори дека платите на државните службеници, раководители или директори се во зависност од тоа во каква институција работат, дали работат во трговско друштво, дали работат во јавно претпријатие или работат во државна администрација.

Платата на директорот на Тутунскиот Комбинат во Прилеп е врз основа на договор, тоа може и тој да си каже. А она што јас како претседател на влада и ние како влада од Тутунски Комбинат – Прилеп очекуваме да креира добивка, која што добивка значи нова вредност за државата.

Она што го знам е дека за разлика од годините кога ВМРО-ДПМНЕ, овој Тутунски Комбинат креираше загуби а сега креира добивки, значи тоа е нешто што треба да се пофали.

Во однос на другите плати јас ја почнав таа дискусија за прв пат во државата каде никој претходно тоа не го спомнал бидејќи ние имам една огромноа неконзистентност во државата. Има јавни претпријатија кои што генерираат со години загуби каде што директорите имаат поголема плата дури и од претседателот на државата и од претседателот на уставен суд. Затоа предложив до министерот за информатичко општество и министерката за труд и социјална политика да направат тим и да се изработи закон за плати во јавниот сектор каде што ќе се воведе конзистентност и ќе се знае која е највисоката плата и врз основа на кои критериуми ќе бидат регулирани нивоата на другите плати.

Такви закони за конзистентност на платите не се никаква спејс шатл технологија затоа што такви закони постојат и во европската унија и постојат и кај нас во регионот, но треба да постои политичка волја да се направи таков закон бидејќи кај мене постои 100% политичка волја да има таков закон во државата каде гореспоменатите министерства имаат задача да го изработат тој закон и еднаш за секогаш да се стави крај на конзистентноста во платите во јавниот сектор во државата.