Средба Заев – Рајхел: Не се дозволиви одложувања на обврските од Договорот од Пржино

0
1410

Не се дозволиви доцнења и одложувања на обврските од Договорот од Пржино, чие доследно спроведување е клучен услов за фер и демократски избори, било заеднички оценето на денешната средба меѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Турција и за државите на ЕФТА, Ернст Рајхел, соопштија од СДСМ.

На средбата, како што соопштуваат од партијата, Заев бил придружуван од заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, додека Рајхел бил придружуван од амбасадорката на Германија во земјава, Кристине Алтхаузер.

„Фокусирани сме на реализација на договореното во Пржино. Очекувањата на граѓаните се фер и демократски избори и ние одлучно работиме за таа цел, од која нема да отстапиме“, рекол Заев на средбата.

На состанокот, според соопштението од СДСМ, било разговарано за потребата од „доверлив избирачки список, за брзо затворање на прашањето за медиумите, како и за потребата да се обезбедат сите услови за почеток на работата на специјалната јавна обвинителка.