КОВАЧЕВСКИ: МИЦКОВСКИ ПРВО МИ СЕ ЈАВИ ДА МИ ЧЕСТИТА И ДА МИ ПОСАКА УСПЕХ, ТАМАН ПОМИСЛИВ ДЕКА ВМРО ЈА КРЕВА ПОЛИТИЧКАТА КУЛТУРА, ПО НЕКОЛКУ ЧАСА ОД ВМРО ДПМНЕ РАСПАЛИЈА СО ПРЕСОВИ ДЕКА СУМ ЛАЖЕЛ ЗА МОЈАТА БИОГРАФИЈА

0
1341

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од првиот ден почнаа да „фрлаат со дрвја и камења“ по Вас, иако Мицкоски подоцна соопшти дека лично Ви ја честитал победата. Дали очекувате добра соработка со опозицијата и, можеби, усогласување околу клучните прашања од интерес на граѓаните?

Ковачевски: Не можам да кажам дека сум изненаден од „дрвјата и камењата“, иако се надевав дека, можеби, конечно ВМРО-ДПМНЕ ќе го подигне нивото на политичка култура. Токму тоа и беше мојата порака до господинот Мицкоски кога ми се јави на телефон, но само неколку часови подоцна, неговата партија излезе со ноторна лага за моето образование и истите навредливи етикети што постојано ги користат. Очигледно, тешко се менуваат работите во таа партија, но тоа не значи дека јас ќе го спуштам моето ниво.

Како претседател на СДСМ ќе за залагам за постојано унапредување на соработката со сите партии во државата и ќе ја подигнеме партиската комуникација на повисоко ниво. Ова е во интерес на државата и на политичкиот развој, но и на граѓаните кои се заморени од ваквата реторика. Што се однесува до соработката, јас секогаш ќе подадам рака кога станува збор за градење консензус по важни прашања или реализација на клучни стратегиски проекти.

Но, Мицкоски треба да знае дека нема да дозволам кочење и уназадување на државата. Одговорност на секој лидер е најде начин да ги премости препреките.

Ничија политичка кариера или штетни стратегии за доаѓање на власт не смеат да бидат поважни од граѓанскиот и од државниот интерес.