И НА ГРЧКИТЕ ЌОСИЊА ИМ СЕ СТЕМНИ, ГРЧКИ ЕВРОПРАТЕНИК ОД ЗЛАТНА ЗОРА УАПСЕН ВО БРИСЕЛ

0
1549

Грчкиот европратеник Јоанис Лагос, поранешен член на неонацистичката партија Златна зора, беше уапсен во Брисел откако му беше одземен пратеничкиот имунитет, тврдат извори од грчката полиција.

Лагос беше осуден во Грција на 13 години и осум месеци затвор како еден од водачите на криминална организација, а против него беше распишана меѓународна потерница. Според грчки извори, тој бил уапсен во Брисел.

Веста за апсењето на грчкиот европратеник следеше откако синоќа Европскиот парламент го укина имунитетот на Лагос. На тајно гласање, 658 пратеници гласаа за укинување на имунитетот, 25 беа против, а десет беа воздржани.

Постапката е покрената на барање на грчките власти, кои мораат да издадат европска потерница за Јоанис Лагос. 48-годишникот е меѓу 40-те членови на Златна зора кои беа осудени во октомври по пет и полгодишно судење.