КОВАЧЕВСКИ И ВУЧИЌ СЕ СРЕТНАА НА БЕЗБЕДНОСНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО МИНХЕН, ПОРАЧАА ДЕКА НЕМА ВРЕМЕ ЗА ФИЛОЗОФИРАЊЕ, МОРА ДА РАБОТАТ ЗА ЗЕМЈИТЕ ДА ОДАТ НАПРЕД

0
422

Ковачевски и Вучиќ потенцираа дека евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан е политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија денеска во Минхен оствари средба со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ. На состанокот беа споделени заложбите на Србија и Северна Македонија за промовирање на регионална безбедност и развој на демократските општества за стабилен и просперитетен регион.

Ковачевски и Вучиќ потенцираа дека евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан е политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ.
Тие заклучија дека двете земји немаат време да филозофирање за тешката ситуација, треба ги „засукаат ракавите“ и да работат за да одат напред во остварување на целите на двете држави.

На средбата премиерот на Северна Македонија и претседателот на Србија, разменија мислења за билатералните односи меѓу двете држави, како и продолжувањето на соработката на регионален план и на тековните регионални иницијативи.Двајцата соговорници го поздравија ратификувањето на Договорите кои произлегуваат од Отворен Балкан, со кои конечно станува реалност граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија да можат да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирање и чекање, без административни трошоци.