Премиерот Димитар Ковачевски на вечерашната прес концереција по повод пристигнувањето на модифицираниот предлог од Франција за кревање на ветото од Бугарија рече дека македонските забелешки се влезени во новиот предлог.
-Предлогот е стигнат по нашата интервенција во Брисел и нашата реакција на драфт документите. Официјалните ставови ќе бидат соопштени откако предлогот ќе ги помине сите филтри, со претседателот, Парламентот и севкупната јавност.
Ние имаме план и стратегија која очиглено дава резултати. Затоа апелирам до сите полтички чинители и медиуми да не шират непроверени информации. Ние ќе соопштиме детали од предлогот, увери Ковачевски.