КОСТАДИНОВ : СЕКОЕ СЕМЕЈСТВО КОЕ ИМА ПРВАЧЕ ЗАПИШАНО ЗА ПРВ ПАТ ВО УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА СО ПОСТОЈАНО ЖИВЕАЛИШТЕ ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА, ЌЕ ДОБИЕ ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ ОД 2.000 ДЕНАРИ

0
401

Децата навистина ми се слабост и секоја поддршка за нив мислам дека е малку, иако секоја помош е добредојдена.

Секое семејства кое има прваче запишано прв пат во учебната 2022/23 година со постојано живеалиште во општина Струмица, ќе добие еднократна парична помош од 2.000 денари, како наш влог во семејниот буџет за подготовка на првачињата.

Најавив, дека на 31 мај на општинската веб страница ќе ги објавиме деталните информации и тоа е сторено.

За остварување на ова право се поднесува БАРАЊЕ до Градоначалникот на општина Струмица, во периодот од 01.06.2022 до 30.09.2022 година со документите објавени на https://strumica.gov.mk/ednokratna-pomosh-prvacinja

Од срце за новите првачиња на Струмица. <3