Ковачевски: Во извештајот на УБК за 2015 нема податоци за уништување на опремата за следење на комуникации

0
985

vasko_kovacevski-610x400На денешната седница на собраниската Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, точки на дневен ред беа и извештаите за работата за 2015 година и план за работа за 2016 година на УБК и АР.

При усвојувањето на точките на дневен ред, членот на комисијата од СДСМ Васко Ковачевски побара точката за разгледување на извештајот за работа на Управата за безбедност и контраразузнавање за 2015 година да биде симната од дневен ред со образложение дека во истиот не се содржани податоци или информации за уништување на дел од опремата за следење на комуникации од страна на вработени лица во УБК и истата да биде ставена на наредна седница кога Управата ќе го дополни годишниот извештај.

На ваквиот предлог се спротивставија членовите на Комисијата од ВМРО ДПМНЕ и со мнозинство на гласови предлогот беше одбиен.

Специјалното јавно обвинителство пред два дена информираше дека сомничи петмина, меѓу кои началникот на Петтата управа Горан Грујевски и ексминистерката Гордана Јанкулоска, дека во почетокот на 2015 година уништиле опрема за прислушување на УБК и оти дел од осомничените потоа фалсификувале документи за да прикажат дека системот за следење на комуникациите бил застарен.