КОВАЧЕВСКИ : ЗА 300% ГИ ЗГОЛЕМИВМЕ ПЛАТИТЕ ВО ДРЖАВАТА

0
230

„Зголемување на минимланата плата, зголемување на социјалните додатоци на граѓаните за 300%, зголемување на платите во сите сегменти во општестовто. Но, јас сум дел од МК, граѓанин на Македонија, јас знам дека се уште е тешко, знам дека има се уште пензионери кој едвај крпат крај со крај, знам дека има родители кои некогаш ќе легнат и гладни за да им останат повеќе пари за децата кои што им бараат од сабалје.

Затоа велам дека со програмата на СДСМ 2024 – 2028 ќе продолжи и зголемувањето на платите и зголемувањето на пензиите и намалувањето на невработеноста, и поддршката на индустријата која не постоеше до 2017 години. Ние прв пат ја воведовме таа ќе биде сега дуплирана. Ќе го зголемиме субвенционирањето во земјоделството и земјоделското производство.

Поддршката за младите, поддршката за лицата кои прв пат влегуваат на пазарот на работна сила се со цел да ги постигнеме овие цели“ посочи Ковачевски.Тој најави дека СДСМ наскоро ќе ја промовира изборната програма на која како што рече тој, работеле околу 200 луѓе од различни области.