КОВАЧЕВСКИ ЗА ФОКУС : НАШИОТ ПАТ, ЕВРОПСКИОТ, РАЗВОЈНИОТ, Е ТРАСИРАН, НЕМА ВРАЌАЊЕ НАЗАД

0
357
Нашиот пат, европскиот, развојниот, е трасиран, и нема враќање назад, потенцира претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за неделникот „Фокус“.
-Нашата стратегија, покрај европскиот пат и јасната визија за Северна Македонија како земја членка на ЕУ, воедно ќе вклучува и победничка програма која ќе обезбеди поголем економски раст, подобри услови за инвестирање што ќе обезбеди подобри и подобро платени работни места, повисоки плати, и подобар животен стандард на граѓаните, која ќе обезбеди социјална правда, развој на демократијата и функционално владеење на правото. Нашиот пат, европскиот, развојниот, е трасиран, и нема враќање назад, вели Ковачевски.
Јасна дистинкција врзана со европскиот пат е важна затоа што граѓаните треба да знаат кој какви намери има за наредниот мандат и каде ќе биде земјата по наредните 4 години, додава тој.
-Не е сеедно воопшто. Такви искуства ние сме имале. Впрочем бевме заедно со Хрватска кога ДПМНЕ ја презеде власта и после тоа следуваа 11 години изолација. Денеска Хрватска е членка на ЕУ. Изгубивме многу генерации млади и затоа да, разликата е важна и ќе ја потенцираме. Немаме ниту време ниту нови млади генерации за губење, вели Ковачевски.
Европскиот фронт на кој повикавме ќе ги вклучи сите политички и општествени чинители коишто го поддржуваат членството во ЕУ. Тоа е државничка, над партиска цел, додава тој.
-Опозицијата, односно ВМРО ДПМНЕ веќе се изјасни дека би влегле во коалиција со Левица, што јасно покажува дека тие и дефакто се против остварување на државните цели зацртани уште со независноста. Јасно кажаа дека нема да ги почитуваат меѓународните договори кои ги има склучено државава. Сѐ се тоа јасни пораки дека доколку ВМРО ДПМНЕ ја преземе власта, државава е осудена на изолација, иста как