КОВАЧЕВСКИ ЗА СОФИЈАНОВА : АКО ИМА ПРЕКРШУВАЊА ВЕДНАШ ДА СЕ ПОСТАВИ НОВ ДИРЕКТОР НА КЛИНИКАТА

0
524

Премиерот Димитар Ковачевски во врска со прилогот на новинарот Фуркан Салиу, кој го објави ТВ Клан за платата од 353.000 денари на директорката на Детската клиника д-р Аспазија Софијанова на Клиниката, изјави дека доколку во конкретниот случај има прекршување на работните процедури и на овластувањата, веднаш да се постави нов директор на Детската клиника.

– Јас нема да навлегувам во квалификации за нешто за што немам детали пред мене. Но, веќе разговарав со министерот Сали, доколку има прекршување на работните процедури и на овластувањата веднаш да постави нов директор во Детската клиника, рече премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање по посетата на Општата градска болница во Гостивар.

Министерот за здравство Беким Сали посочи дека за секој поединечен случај во кој има злоупотреба, секако дека ќе има санкции.