СОВРЕМЕН СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ НА ЈУЖНАТА ДОЛИНА НА ВАРДАР, ЗАЕВ: ВАЛАНДОВО ДОБИВА СОВРЕМЕНИ УСЛОВИ ЗА КОНКУРЕНТНО И ИЗВОЗНО ОРИЕНТИРАНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО НА 2150 ХЕКТАРИ

0
795

“Системот за наводнување на јужната долина на реката Вардар обезбедува навремено и квалитетно наводнување на нови 2.150 хектари, за модерно земјоделство.

Оваа капитална инвестиција за земјоделците значи намалување на трошоците за производство и предуслов за осовременување на агро-секторот. Станува збор за модерен систем за водоснабдување на територијата на Општина Валандово, а ги опфаќа населените места Удово, Јосифово, Калково и Пирава, кој е од витално значење за овој крај.
Модерно, конкурентно, извозно ориентирано земјоделство е еден од нашите приоритети. Даваме силна поддршка за земјоделството и затоа од голема важност е да се користат сите повици и програми на Владата кои се вистинска можност за осовременување на земјоделското производство.”
-ФБ СТАТУС НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ