КЛИНИКАТА „КОЗЛЕ“ ПОЛНА СО БОЛНИ ДЕЦА – КАЈ ЕДНО Е ДИЈАГНОСТИЦИРАН КОВИД-19, БЕБЕ ИМА ГОЛЕМА КАШЛИЦА…

0
248

Информациите се дека едно дете со ковид-19 моментно е хоспитализирано во „Козле“, а од 1 до 7 јануари годинава евидентирани биле 72 нови случаи на ковид-19 во државава.

Д-р Поповска информираше дека во „Козле“ дневно има до 200 деца во амбулантско-поликлиничкиот дел, што поминуваат низ консултативните амбуланти, а сега се хоспитализирани околу шеесетина.„Најчесто станува збор за инфекции на долните дишни патишта. Најранлива, најзасегната категорија се доенчињата до една година“ додаде докторката.

Директорот на Институтот за јавно здравје – Шабан Мемети изјави дека три случаи на „пертусис“ – голема кашлица, се евидентирани во 2023 година, сите од Скопје, од кои еден во декември.