БОМБА НА МАКФАКС: На Груевски му се заканува вкупна затворска казна од 20 години!!!

0
1845

Доколку експремиерот, Никола Груевски, биде осуден за останатите 4 обвиненија кои му ги поднесе СЈО, може да добие максимална казна затвор од приближно 20 години, без првата пресуда од 2 години затвор. Според Кривичниот законик, единствената казна мора да биде поголема од секоја одделна утврдена казна, но не смее да го достигне збирот на утврдените казни ниту да премине 20 години затвор, анализира Макфакс.

На Груевски највисоката казна му е предвидена во случајот „Титаник“ каде е обвинет за три кривични дела. За злосторничко здружување на Груевски како првообвинет му се заканува затворска казна до 5 години; за злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања е пропишана затворска казна од најмалку 5 години, а за повреда на избирачкото право, затворска казна од најмалку три години. Судот може да го осуди со единствена казна затвор за ова обвинение.