КИНА ЗАПОЧНА ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ОКОЛУ ТАЈВАН, ОСТРОВОТ Е ОПКОЛЕН

0
1157

Кинески воени вежби почнаа во три поморски области во близина на Тајван, пренесува РИА Новости.

Официјалниот претставник на борбената команда на Источната зона на Народноослободителната армија (ПЛА) Ши Ји најави почеток на воените вежби.

„ Вечерта на 2 август, Источната борбена команда на Народноослободителната војска започна серија заеднички воени операции околу островот Тајван, како и заеднички воздушни и поморски вежби во морето и воздушниот простор на север, југозапад и југоисток од Тајван“, рече Ши Ји.

Според каналoт „Воен опсервер“ на Телеграм, под изговор за воени вежби, Народноослободителната војска на Кина го опколила островот Тајван. Всушност, воспоставена е блокада.

Претходно Кина најави воени вежби во шест поморски области околу Тајван.