Волонтерка: Сите земаат донаци, освен оние на кои им е потребно!

0
1159

Денес прочитав апел од Општина Гази баба дека се бараат волонтери и веднаш се јавив и се пријавив. Отидов заедно со другарка во бараките на општината каде што координаторот ме замоли да одам на последна 45ка бидејќи излегол, па кога стигнав конечно на 45ка ми рече дека он отишол на друго место, да сум паркирала негде да го причекам итн.. значи, организација и координација СРАЊЕ! Идеме понатака… Тука ги молам полицајците да ме пуштат понатака бидејќи сме волонтери и ме пуштаат. Значи ова е колона од волонтери, возила на АРМ, механизација, пајак служби и други, колона тргни-застани, и молам еднаш со ротација и свирка, не поминуваат политичари демек итно им е, иако од спротивна насока доаѓаат други коли. Значи не ме занима во моментов од кои партии беа, али посељачко нешто немам видено, ние одиме да помогнеме цела колона, они одат да се снимаат и сликаат и имаат предност, WОW!

Следно и најбитно е, во училиштето „25 Мај“ каде што е пунктот за донации, сите земаат донаци, освен оние на кои им е потребно! Тие внатре што беа „волонтери или што и да се“, како стигнаа донации од предниот влез, они ги вадеа од прозорци од позади! Вадеа цели пакети сокови, храна, прашок и се останато! На предниот влез каде што луѓето чекаа на ред за храна дојде до тепачка, се степаа, се испокараа 2-3 пати! Понатака, откако се натоварија и решија да дадат нешто на народот, пола од донациите ги земаа луѓето од околните згради на кои помошта воопшто не им е потребна, се враќаа по неколку пати и се товареа! Значи, не ми беше ни дозволено да дадам помош на кого мислам дека му треба, во случајов девојка која викаше „не ми треба ништо, дајте ми само вода“! Е тука веќе се јавив кај мој другар кој организирано собира донации пред „Веро“ и тој ми прати кола со храна и вода за луѓето за кои направив список!

Ни списоци немаат! Откако стигна возилото од „Веро“ донациите, се беше разнесено по список или директно во куќите. И ова да ви го кажам, тие луѓе во Сингелиќ, толку многу се поплавени, толку голема штета имаат, толку се уништени, ниту еден од нив не беше пред пунктот, сите биле по продавници, си купиле што им треба и сите чистеа во своите домови! Немаат време да одат да чекаат пошто чистат, вадат мебел од дома! Плачеа и чистеа!!!! Таму колите се една врз друга, таму имаше повеќе од 1 метар вода во куќите, подрумите се уште полни со вода, ама таму камери и политичари уште не биле!! Јас бев и видов! И затоа апелирам до сите вас, заебете вера и партија овој пат, ако сакате навистина да донирате или кај доброволци како оние пред „Веро“, или сами организирајте се, или пишете ми! Јас утре пак ќе одам, кој сака нека повели. Верувајте ми, и таа и другата и сите партии донираат со шлепери, но ниедна донација не заврши кај оние на кои им е најпотребна! Кој не верува, утре повелете со мене! Се надевам добро ќе ме прочитате и ќе помогнете.

Фејсбук објава на Верче Крстевска на Фејсбук групата „Humanitarna pomos za poplavenite semejstva vo Skopje“