КАТАР ИМ ГИ ОТКАЖА ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ ЛЕТОВИ – МАРОКАНСКИТЕ НАВИВАЧИ ВО ОЧАЈ

0
442

Стотици марокански навивачи сe разочарани откако Катар ги откажа дополнителните летови за Доха. Сепак катарските власти денеска во последен момент ги суспендираа дополнителните летови. Причината не е позната.Националната авиокомпанија на Мароко „Ројал ер Марок“ планираше седум дополнителни лета откако Фудбалската федерација на земјата донесе одлука со која им вети на навивачите дека ќе им даде 13.000 бесплатни билети за натпреварот со Франција.

Стотици марокански фудбалски навивачи се во очај по откажувањето во последен миг на авионските летови што ги спречи да заминат за Катар и да ја бодрат својата фудбалска репрезентација на вечерашниот полуфинален натпревар на Светското првенство со тимот на Франција, јавува Би-би-си.Се смета дека околу пет милиони Мароканци живеат ширум светот, а многу од нив се во Франција.