Лазаревиќ : Крајот на Никола ќе биде срамен и мизерен!

0
1581

Јас сум пријател со повеќе луѓе кои се дел од владечката структура во рамките на ВМРО ДПМНЕ, вели за Фактор.мк Д-р Владимир Лазаравиќ, еден од популарно наречената Амстердамска тројка.

Lazarevik

– Антонио Милошоски е еден од нив, но не единствен. Јас последен пат со Антонио се видов еден ден пред драматичната прес конференција на Груевски во која Никола го најави својот неславен пад од власта со неверојатен шпринт кон буништето на историјата. Јас лично немам намера никого да разубедувам од било кога да се дистанцира. Ако луѓето мислат дека Груевски и Мијалков ја бранат и градат Македонија, нека им е со среќа и нека продолжат да веруваат во тоа што ги прави среќни. Моето мислење е дијаметрално спротивно -вели Лазаревиќ.

Тој отворено кажува дека не му верувам на Никола Груевски,во чија влада беше заменик министер за здравсво од редовите на владеачката ВМРО ДПМНЕ.

“ Се разбира дека не му верувам на Сашо Мијалков. И не мислам дека ја бранат Македонија, туку мислам дека Македонија треба да биде одбранета токму од нив. И целата моја мисија во овој и во наредниот период ќе биде посветана на постигнување на таа цел, одбрана на Македонија од Никола Груевски и Сашо Мијалков. Ние ќе бидеме отворени за соработка за СИТЕ кои ќе бидат оваа линија, и бескомпромисно ќе им се спротиставуваме на другите кои ќе настојуваат лагата да ни ја прикажат за вистина, предавството да ни го прикажат за патриотизам, и криминалот и корупцијата да ни ги прикажат за општествено приватливи вредности“ дециден е Лазаревиќ.

Прашан кои меѓународни партнери стојат зад т.н. модерна Амстердамска тројка и дали поддршката  однадвор ви дава за право да верувате дека се ближи крајот на Груевски,тој во интервјуто вели дека најголема подршка доаѓала од дома, од граѓаните на Република Македонија.

Убеден е дека граѓаните со секој изминат ден гледаат како лажниот мит за Никола Груевски се топи како свеќа запалена во црква во пречек на Велигден.“

Смета дека колку што повеќе се руши митот, толку повеќе се зголемувала подршката за нивната тројка која јавно побара политичка одговорност од лидерот на владеачката ВМРО ДПМНЕ и негово заминување од партијата.

– За нас во оваа фаза идеална е позицијата на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Колку повеќе ја релативизираат НЕНОРМАЛНАТА ситуација во која ја поставија државата, толку повеќе тонат во бездната од која враќање нема. Ние не се брзаме. Ние сме целосно убедени и крајот на Никола ни е сосема јасен. И неговите дејанија само повеќе ни помагаат во зацврстување на нашите позиции – вели тој.

– Едноставно треба да се разбере – вели Лазаревиќ – дека западниот свет не трпи ЛАГИ и не поднесуваат политички кукавици. Западот не трпи медиумски мрак и одржување на еден тоталитарен режим од еден мал и за нив небитен диктатор. Крајот е сосема близу, и за Никола и за многумина од неговите другари и роднини тој крај ќе биде срамен и мизерен – му порачува на некогашниот негов шеф Груевски екс заменик министерот за здравство др. Владимир Лазаревиќ.

Целото интервју прочитајте го на Фактор.мк