Караџовски: Македонија е на врвот на епидемијата, во опција се сите мерки, па и целосно затворање на државата

0
1743

Поради бројот на заболените лица, поради бројот на хоспитализирани лица, поради растот на инфицираните лица, поради зголемувањето на бројот на тестирани и поради широко распространетата инфекција низ државата, оценуваме дека се наоѓаме во една многу сложена и многу сензитивна ситуацијата, вели д-р Жарко Караџовски во интервју за емисијата Трилинг.

Претседател на Комисијата за заразни болести вели дека се размислува за сите мерки вклучувајќи локално,регионално па дури и за целосно затворање на државата. Но, прво да видиме дали новите мерки кои се донесени ќе дадат резултати.

Најлесно е да предложиме карантин на целата територија. Караџовски за Трилинг открива дека лицата кои најчесто се заразуваат се на возраст помеѓу 20-40 години. Тие се оние кои го шират вирусот