БОМБА ВО МЕДИУМСКАТА ЈАВНОСТ: Сменет уредникот на Вест, Камчев и Ќерим сакаат да го уништат и весникот Вест откако од Дневник направија ВМРОВСКИ грз папир!

0
2107

mijalkov-orce-kamcev-kerim-620x469

Диктатурата си грми! Како бомба одекна веста која навестува дека режимот сака да го уништи и весникот Вест, најтиражниот весник во земјава изминативе 10 години!

Неофицијално, сменет е уредникот на Вест, новинарот Горан Михајловски, напиша вечерва на неговиот Фејсбук профил, новинарот од Алсат М, Горан Теменугов.

goran-mihajlovski-300x236

Потврда за оваа информација Либертас побара од Горан Михајловски, новинарот кој со екипа од весникот Вечер, пред 15 години замина и го направи Вест, најтиражен и најчитан дневен весник.

Михајловски кусо во телефонски разговор вечерва ни потврди само дека му истекол догоорот со МПМ и дека си заминува.

Тој го навлече гневот на менаџментот на МПМ со превирањата околу давањето откази и намалување на платите на новинарите за, како што велеа од менаџментот, да се санирала лошата финансиска состојба во која западнала компанијата која ги издава Вест, Дневник и Утрински весник. Михајловски застана на страната на новинарите штрајкувајќи заедно со нив пред канцелариите на менаџментот на МПМ.

Раководството на компанијата за да му врати, објави соопштение дека земал 5 илјади евра плата и со тоа направи јавен мобинг врз главниот уредник на Вест.

Михајловски во неговата саботна колумна „Сакам да кажам“ која 25 години редовно ја пишува, ја опсервира и оваа и сите претходни власти, без влакна на јазикот.

Тој заминува, но интересно е кој ќе го наследи во најтиражниот весник на МПМ. Изворите на Либертас тврдат дека најсигурен кандидат е сегашниот уредник на информативната редакција на МТВ, Горан Петрески.

Goran-Petreski-003987609871-670x384

Тој е човек од доверба на владејачката гарнитура и е близок пријател на шефот на премиерскиот кабинет, Мартин Протоѓер. Нашите извори велат дека на овој начин власта ќе го вдоми Петрески имајќи предвид дека траат преговорите за медиумите согласно Договорот од Пржино, па тој најверојатно не ќе може да остане на чело на информативната програма на државната телевизија МТВ.