(ФОТО ГАЛЕРИЈА) : Бочварски во Приштина на средба со министерот за инфраструктура Абраши, најавија нови проекти за регионален развој

0
737

Ве инфомираме дека министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска претстојуваше во официјална посета на Република Косово, каде оствaри работна средба со министерот за инфраструктура на Република Косово, Арбан Абраши.

Унапредување на регионалната поврзаност е од оргомно значење за двете земји преку изградба на на автопатот од Скопје до Блаце, поврзување со гасоводот и изградба на зедничка железничка станица, потенцираше министерот Бочварски.

На средбата се разговараше за патното поврзување и изгрaдба на автопатот Скопје – Блаце. Министерот информираше дека е започната изградба на првата фаза во должина од 2 километри и дека во тек е проектирање за втората фаза до Скопје. Увери дека се работи интензивно за да се затвори ова прашње и Скопје и Приштина да се поврзат со модерно патно решение.

Исто така на средбата се отвори и прашањето за патно поврзување преку отворање на граничниот премин Стрезимир и можноста за автопатско решение од Тетово до Призрен.

На средбата двајцата министри се обврзаа да ги забрзаат процедурите за отворање на заеднички железнички премин Хан Елези, со цел поедноставување на постапките за транспорт на стока и патници преку една контролна точка. Мнистерот Бочверски на средбата го информираше министерот Абраши и отпочнуавње на постапката за физибилити студија за интеконекциско поврзување на двете земји со гасоводот.

“  Поврзување на главните градови е од огромен бенефит за нашите држави. Разговаравме за изградба на автопатот од наша страна од Скопје до Блаце. Изградбата веќе ја започнавме и поради фактот што имаме сериозна економска соработка,работиме на тоа што поскоро поврзување и изградбана оваа автопатска делница. Во однос на гасоводот, информирав дека преку Национални Енергетски Ресурси работиме напостапката за физибилити студија за интеконеконекциска врска со Косово. Ова се значајни проекти кои даваат серизона шанса за економски раст и развој на нашите држави. На долго рок треба да размислуваме и за изградба на 400 киловолтен далновод од Скопје до Приштина. Треба да инвестираме со стабилна инфрасутрктура за да привлечеме домашни и странски инвеститори во индустриските зони.  Поскаувам оваа Ковид криза побрзо да ја надминеме за да можеме што посеризоно да влеземе во поинтензивна економска соработка. Во наредниот период ќе разговараме за втора средба во Скопје, на која подетално ќе разговараме за сите проекти”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Министрите се согласија дека регионалното поврзување е клучно за економскиот развој на двете земји и во таа насока Република Северна Македонија и Република Косово ќе работат на интнзивирање на соседските односи и економската соработка.