КАКО НА ФИЛМ – СПЕКТАКУЛАРНО АПСЕЊЕ ВО ГРЧЕЦ КАДЕ ,,ТИГРИТЕ” ПРИВЕДОА ОПАСЕН НАРКО ДИЛЕР!

0
1313

Денеска околу пладне полициските „Тигри“ изведоа спектакуларно апсење во скопски Грчец, дознава Канал 5 од присутни на настанот.

Уапсен е познат нарко дилер, кој беше опфатен со истрагата на ОЈО за ГОКК „Планина“, на возраст од 45 години. Откако видел дека е опколен, се обидел да бега со четирцикл, но „Тигрите“ набргу го совладале и привеле. Се очекуваат детали од полицијата за овој случај.