Во среда Заев ќе го достави предлогот за нова Влада до Собранието

0
838

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев в среда до Собранието ќе го достави составот на новата Влада и предлог програмата за работа во следните четири години, дознава ТВ21 од партиски извори.

Претходно, лидерот на ДУИ Али Ахмети во изјава за ТВ21 рече дека нивниот предлог нема да претрпи промени.

Заев денеска за ТВ21 изјави дека штом Собранието избере потпретседатели, тој предлогот ќе го достави до законодавниот дом. Џафери за утре најави таква седница.