КАКО МАЛИ ЃОЌИЦА ЗАМИСЛУВА МЕЃУНАРОДНА ПОЛИТИКА – МИЦКОСКИ : ЕУ АКО НИ МИСЛИ ДОБРО НЕКА ГО ТРГНАТ СПОРОТ СО БУГАРИЈА ОД ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА ЗА МАКЕДОНИЈА

0
704
Во ред се убавите зборови кои доаѓаат од политичари од Европската Унија, но ако толку навистина добро ни мислат нека го тргнат билатералниот спор со Бугарија од преговаачката рамка за Македонија. рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Само интервју“.

Мицкоски за изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека вакви убави зборови и вакви шармирања гледаме повеќе од две децении откако почна нашиот пат кон ЕУ со потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација  или повеќе од три децении откако сме независна држава, но секогаш од нас се бараат отстапки.

„Секогаш во име на таа иднина ние правевме некакви отстапки и секогаш сме ние тие кои како народ, држава, политичари треба да прифатиме, да дадеме нешто во име на таа европска иднина,  Тезата дека канцеларот Шолц, поентата му е дека не сака нови барања, верувам дека не сака, верувам и дека Борел не сака, но знам кој сака а тие се јавија неколку дена претходно, Јотова и Радев кои кажаа дека ова е само отворање на вратата на проблемите ,а потоа има уште многу проблеми кои се прифатени, а кои се дел од Договорот и протоколот“, рече Мицкоски.

Мицкоски изјави дека за да бидат македонските граѓани убедени во те убави зборови од ЕУ,  на следниот состанок на Европскиот Совет нека донесат нов заклучок во кој ќе тргнат од драфт работната верзија на преговарачката рамка, бидејќи уште не е презентирана, оној дел каде што стои билатералниот договор со Софија.

„Ниту еден кандидат за земја членка во ЕУ, таков услов немал.  Да останеа критериумите од Копенхаген, чуму имаше потреба да се става и билатералниот договор, ако навистина никој нема проблем со македонскиот идентитет, јазик?