БОМБА НА ГЕРО : МИЦКОСКИ И ВМРО-ДПМНЕ ДАЛЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ПРОМЕНИ НА УСТАВОТ, ЗАТОА КОВАЧЕВСКИ СВИКУВА ЛИДЕРСКА СРЕДБА

0
760

Уредникот на ПЛУСИНФО, Бранко Героски во колумна пишува шокантни информации за ВМРО ДПМНЕ и Мицковски: Или ќе ти земеме најмалку 6 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и ќе обезбедиме 81 глас во Собранието за внесување на Бугарите во Уставот… Или ние ќе ти дадеме некакво пусулче со гаранции, Христијан, за да можеш да го „одбраниш“ идентитетот и да ја убедиш ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржи промената на Уставот. Трето нема!

Ова е уцената на која во овој момент е изложен опозицискиот лидер Христијан Мицкоски. Змија или магаре. Не знам дали ова му е кажано вака јасно и грубо,  но јас слушам дека тоа се двете „опции“ меѓу кои тој треба да ја избере помалку лошата – за себе, за својата партија и за Македонија.

Велам, не знам дали уцената веќе му е соопштена на Мицкоски. И не знам дали човекот досега размислувал како да постапи. Малку ме зачуди она негово барање некакви „гаранции“ од Европскиот парламент за македонскиот идентитет, како услов ВМРО-ДПМНЕ да се согласи со промената на Уставот. Но, да не му бараме црно под ноктите, таа лоша идеја не мора задолжително да е поврзана со уцената.

Како и да е, она што јас го знам е дека во политичките кулоари наголемо се зборува за оваа уцена. И опасно се шпекулира дека најголемата опозициска партија веќе се согласила да се „отвори“ Уставот. И дека затоа, всушност, премиерот Димитар Ковачевски се охрабрил да свика лидерска средба. Не знам дали е баш така, но факт е дека Мицкоски нема да може уште долго да се вади на воздржаност за ова важно прашање. На уцената тој ќе мора да одговори јасно и прецизно.

И брзо. Многу брзо… Зашто,  очигледно е дека некој оценил дека железото веќе е вжештено и дека дошло време да се кова. Денеска прашав еден добар пријател, кој не е политичар, но има големо искуство во преговарање и тргување – што би избрал ти да си на местото на Мицкоски?

Човекот ми одговори како од топ. Без премислување. Без никаква задршка. Да сум јас на местото на Мицкоски, вели, вака би им одговорил – не 6, земете 16 наши пратеници, ако можете, и кршете глава, зашто од најголемата македонска партија немате согласност за промена на Уставот!