КАЕВСКИ : ЕВРОПСКИ ФРОНТ ЌЕ ЈА ФОРМИРА СЛЕДНАТА ВЛАДА

0
300

Дарко Каевски, портпарол на СДСМ

ВМРО – ДПМНЕ се повикува на лажни анкети, победник ќе биде кандидатот на СДСМ, а Европски фронт ќе ја формира следната влада, посочи Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ во 24 Анализа на ТВ 24, во врска со анкетите на ДПМНЕ.

„Само за потсетување нарачателот на тие анкети, истиот тој кој што ги објавува, да ги потсетиме граѓаните е истиот кој што предвидуваше двојна победа на предвремените локални избори во Маврово-Ростуше и истите кои предвидуваа дека на претходните претседателски избори Гордана Силјановска ќе води пред Стево Пендаровски во првиот круг со 80 /90 илјади гласови и предвидуваа дека ВМРО –ДПМНЕ на парламентарните избори во 2020 година, ќе победи со најмалку 10 пратеника, а потоа сите знаеме каков беше резултатот,“ рече Каевски.
Каевски посочи дека на престојните претседателски избори кандидатот предложен од редовите на СДСМ за претседател ќе биде победник и Европскиот фронт предводен од СДСМ ќе ја формира новата влада.Тој истакна дека бизнис интересот на ВМРО-ДПМНЕ им е пред сѐ, како што рече зборуваат за бугаризација, а прават милиони во Бугарија

„Кога сме кај рачињата во медот, излегоа и информации за еден наш колега пратеник како имал средства кои што ги заработувал со фирма во Бугарија, па како баџанакот на Мицкоски прави милиони евра од фирмата во Бугарија и ова е добро како тема да се отвори, затоа што не било до бугарскиот диктат, до еврата било. Исто и Игор Јанушев, како они заработуваат и работат на агенда да не поминат измените каде што 3000 бугари ќе бидат ставени во Уставот, за да нашата држава се закочи кон европскиот пат,“ рече Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ во 24 Анализа на ТВ 24, посочувајќи дека на ВМРО-ДПМНЕ бизнис интересот им е пред сѐ.