ВМОРОНСКИ ЦИНИЗАМ ОД ДАРКО ЈАНЕВСКИ: СДСМ ЗНАЕ САМО ДА ПОСТАВИ 4 ВЕРТИКАЛНИ ЛИМОВИ КАКО МОДУЛАРНА БОЛНИЦА А ПРИТОА МНОГУ ЛУЃЕ НИ УМИРААТ ОД КОРОНА СЕКОЈ ДЕН

0
406

Во емисијата “Што не е јасно?” гостуваше новинарот на Алфа, Дарко Јаневски.
Беше револтиран од однесувањето на екс генералниот секретар на Владата, Рашковски. Однапред го осуди дека бил виновен и за злоупотреба на функцијата и за местење тендери во своја лична корист. Истовремено побара оставка на цела Влада поради наводното аздисување на функционерите на СДСМ. Сметаше дека народот треба да се побуни масовно против СДСМ и на таков начин да се избрка СДСМ од власт, да се распушти Собранието и да се оди на нови парламентарни избори.
Јаневски рече дека нашиот Устав не познава консултативен референдум и одлуката за бојкот требала да се имплементира а не насилно да се направат уставни измени за да се внесе географската одредница во името на државата.
Дополнително го искритикува и министерот Филипче за решавањето на корона кризата. Со нагласена доза цинизам рече дека власта знае само да постави четири вертикални лимови за модуларна болница и дека СДСМ не набавувал намерно вакцини од истокот.