И ОВАА ГОДИНА, ПРОДОЛЖУВА ТРАДИЦИОНАЛНАТА ДРУЖБА СО ВЕТЕРАНИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ НА ПЕЛЕНИЦА ЗАЕДНО СО ПРЕМИЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ!

0
86

Се сеќавам кога пред десет години, заедно со ветераните и мојот драг пријател Христијан Мицкоски од идеја, се роди оваа дружба на манастирот Руса Среда на Пеленица која прерасна во традиција. Сакам да се заблагодарам на секој еден член кој има свој придонес во ова денес.

Искачивме планини заедно, не беше лесно но вредеше! Еве сме денес, тука на истото место да ја прославиме историската победа за Македонија. Ветераните се нераскинлив дел на ВМРО, столбот на кој се потпира партијата но и еден од темелите врз кои е изградена #Македонија и секогаш ќе ја имаат мојата длабока почит. Длабока почит за секој денес тука, за секој еден жител на нашата преубава Македонија кој додаде камче во мозаикот за победата да биде голема, а татковината повторно горда.

Благодарам и на УМС, благодарам на УЖ, ви се поклонувам на сите! Благодарност за масовноста на овој настан и прекрасната дружба. Нѐ чека убава иднина. Иднина во која ќе грее сонцето на слободата и држава која ќе овозможи подобри услови за сите, а ќе ја предводи премиерот Мицкоски. Македонија повторнo горда и наша.

Бог да ја благослови Македонија! – градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.