КОВАЧЕВСКИ: ПРИКАЗНИТЕ ДЕКА СУМ ПОДНЕЛ ОСТАВКА А ТАЛАТ МИ ЈА ИСКИНАЛ СЕ ТРАГИКОМИЧНИ БУДАЛАШТИНИ

0
906

Ковачевски: Талат го немам ни видено, оставка не може да се цепка
Претседателот на опозицијата кажуваше дека ќе сме станувале бинационална држава, па тринационална држава, па држава на еден народ, неколку нации и заедници и на крајот да излезе дека всушност работната група има направено предлог којшто практично е согласно со заклучоците на Собранието, а со цел исполнување на обврските коишто произлегуваат од преговарачката рамка со ЕУ и токму на тие документи се повикува и предлог-иницијативата за уставните амандмани коишто ќе бидат предложени до Собранието.

Ова денеска го изјави премиерот Димитар Ковачевски, откако претходно најави дека од понеделник Владата ќе ја разгледува предлог – иницијативата за уставни измени изработена од страна на работната група и најави дека ќе го покани на средба лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во наредните десетина дена.Ковачевски ќе го покани Мицкоски на средба за уставните измени

Запрашан за тоа дали албанските партии ќе го поддржат предлогот имајќи го предвид нивното барање за бришење на „20 отсто“ од Уставот и да биде напишано албански јазик, Ковачевски рече дека многу јасни пораки дојдоа од претставниците на ЕУ и дека верува дека не само тие, туку и сите партии во Собранието ќе го поддржат предлогот.

-Многу јасни пораки дојдоа од сите претставници на ЕУ и на претседатели на држави членки на ЕУ во однос на тоа која е обврската на нашата држава и кои се обврските на ЕУ. Дека ќе биде одржана меѓувладина конференција која што ќе започне со скрининг процесот како и за секоја држава и штом ќе ги направиме уставните измени веднаш без закажување ќе се одржи и втората меѓувладина конференција за отворање на поглавјата и на кластерите. Што значи дека имаат преземено свои обврски коишто ги исполнуваат, имаме преземено ние наша обврска која што треба да ја исполниме – рече Ковачевски.