ИЏЕТ МЕМЕТИ НЕ СЕ ПОЈАВИ НА СЕДНИЦА ЗА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

0
119

Иџет Мемети, кој е член на Советот на јавни обвинители и во моментов е со мерки за претпазливост под сомнение за примање награда за противзаконито влијание, денеска не се појави на седницата на Советот.

Како што информираше претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска, Меџити непосредно пред почетокот ја информирал дека нема да присуствува на денешната седница.

„Непосредно пред седницата тој ме информираше дека нема да биде присутен и е на мислење да се повлече од позицијата заменик претседател на Советот на јавни обвинители“, рече Димитриеска.

Мемети е второосомничен во истрагата поврзана со примање награда за противзаконито влијание во која е вклучен и врховниот судија, Наке Георгиев.

Кривичниот суд определи мерки за претпазливост за Мемети

Во изјава за медиуми по определувањето на мерки на претпазливост изминатата недела, осомниченииот Мемети, пред Кривичен рече дека е во сечиј интерес постапката да заврши што побрзо.

„Од мој интерес, и од интерес на јавноста, е што побрзо органите да ја завршат својата работа. Ова секако како човек ме погодува, меѓутоа, не е добро да зборувам пред медиумите за работа која се води по судски пат. Ве уверувам дека многу брзо ќе заврши и ќе излезе дека ништо незаконски не сум направил“, изјави Мемети.

Во однос со релациите со врховниот судија Георгиев, тој рече дека ги познава сите судии и обвинители и со нив се дружи, но, дека не разговарал за предмети.

На врховниот судија Наке Георгиев, поради постоење на сомневања дека може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците, и околности кои упатуваат дека ќе го доврши или повтори кривичното дело му беше определена мерка притвор во траење од 30 дена.

OJO покрена истрага против две лица за противзаконито влијание

Двајцата осомничени се дел од истрагата што ја отвори ОЈО ГОКК и се сомничат за „примање награда за противзаконито влијание“.

Истрагата е отворена по акцијата на МВР која следува по претходна пријава од син на обвинет во предмет што се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Советот на јавни обвинители денеска ја одржува 103. седница на која ја разгледува информацијата од страна на координатори за подрачјето на Вишо јавно обвинителство Битола.

Извор : Слободна Европа