ИНЦИДЕНТ СО ЕКСПЛОЗИЈА КАЈ НИЈАГАРИНИТЕ ВОДОПАДИ – ЗАТВОРЕНИ ГРАНИЦИТЕ МЕЃУ САД И КАНАДА, ВОЗИЛО ЕКСПЛОДИРА ПРИ ВЛЕЗ НА ГРАНИЦА

0
335

Возило експлодира денеска на мост што ги поврзува САД и Канада во близина на Нијагарините водопади, соопшти ФБИ.

Инцидентот се случил на мостот Виножито ден пред американскиот празник Денот на благодарноста, еден од најпрометните денови во годината.

-Бидејќи оваа ситуација е нејасна, ова е сè што можеме да кажеме во овој момент, се вели во соопштението на ФБИ.

Возилото се обидувало да влезе во САД кога експлодирало.

Сите премини во моментов се затворени до понатамошно известување, велат властите, пренесува Би-Би-Си.

Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, исто така, го потврди инцидентот и рече дека била известена од органите на редот.

-Владините агенции се на терен и подготвени да помогнат, напиша таа на социјалната мрежа Икс.