КАЕВСКИ : АНТОНИО МИЛОШОСКИ ГИ БЛОКИРА ДОГОВОРИТЕ ОД ИНИЦИЈАТИВАТА ОТВОРЕН БАЛКАН НА ШТЕТА НА ГРАЃАНИТЕ

0
362

Изјава за медиуми, Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ

Почитувани,

Претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, итно да закаже седница на комисијата со цел да започне процедурата за ратификација на договорите од иницијативата Отворен Балкан.

Со овие договори граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе добијат можност да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи.

На овој начин ќе се отворат нови работни места, пополнувања на дефицитарните работни места во приватниот сектор во сите три држави кои се дел од Иницијативата.

Завршени се сите подготовки за либерализирање на пазарот на трудот и изнајдени се решенија за да започне издавањето на Идентификацискиот број за граѓаните на Отворен Балкан, кој е неопходен технички предуслов за слободно движење на пазарот на трудот во сите три држави.

Но македонските граѓани се уште не можат да ги почувствуваат придобивките од ова, затоа што меѓународните договори со кои се уредува оваа материја се уште не се ратификувани.

Истовремено, не се ратификувани уште неколку договори поврзани со Иницијативата Отворен Балкан.

А не се ратификувани затоа што Милошоски упорно не ја закажува седницата и на тој начин дејствува на штета на граѓаните, на штета на државата.

Сите пратеници, имаме обврска да им служиме на граѓаните, меѓу нив е и Милошоски и затоа, уште еднаш го повикуваме да ја закаже седницата на Комисијата, конкретните договори да бидат изгласани, за граѓаните што поскоро ги почувствуваат придобивките од нив.