ИМА ПАРТИИ ШТО РАБОТАТ ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ПОВТОРНО ДА СЕ ВИВНАТ ПРЕД ИЗБОРИ, ТВРДИ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ БИТИЌИ

0
173

Битиќи смета дека некој би направил чекори, како што рече, и против себеси, само за да докаже дека другите не се моќни да ја контролираат состојбата.

„Битиќи: Според сите сознанија и сите анализи што ние ги правиме, не би требало да има никакво влијание. Ние достигнавме да покажеме дека однесувањето на сите помага во скротување на инфлацијата. Ние веќе неколку месеци по ред имаме намалување на инфлацијата. Последниот месец таа беше на ниво од три отсто и нè враќа полека на нормалните стапки на инфлација. Затоа, ако имаме совесно однесување на сите чинители во општеството и притоа, овде морам да кажам и првпат ќе го кажам, рацете на политичките партии и на политичарите бидат настрана од бизнисот, сметам дека самите компании и бизнисмени ќе се однесуваат етички и нема да го направат тоа што одредени политички кругови би сакале да го имаме. Имам чувство дека некогаш сакаме да направиме одредени работи и против себеси само да покажеме дека другите несе моќни да ја контролираат целата состојба.

360°: Сакате да кажете дека има партии кои имаат интерес во предизборието цените да се качат?

Битиќи: Да.360°: И тоа го тврдите со одговорност?Битиќи: Да.Во прилог на ваквото тврдење, Битиќи кажа пример – од пред една година, кога една политичка партија постојано барала предвремени избори, се појавил т.н. „бел штрајк“ во кој институциите не функционирале целосно затоа што некој однатре опструирал.

На прашањето – ако ВМРО-ДПМНЕ е толку моќна да го предизвика тој „бел штрајк“ во институциите, дали тоа е показател за немоќта на власта, Битиќи рече дека нивниот (на ВМРО-ДПМНЕ, н.з.) паралелен систем е јак.

Битиќи: Тие се јаки надвор од институциите затоа што знаат како да ги држат нивните луѓе во нивниот систем. Ние како СДСМ не функционираме на паралелен систем.360°: Но, тоа не е добра препорака за вас оти седум години сте на власт, ако паралелниот систем е толку силен и по вашите седум години на власт.

Битиќи: Не знам дали е добра или не. Ние сме да градиме држава и да градиме институции, а на тие што граделе паралелен систем веројатно нема да им дозволиме да се вратат за да го стават во функција паралелниот систем. Тие можат да прават опструкции од секаков вид, но мислам дека граѓаните нема да дозволат да имаме паралелни системи на владеење во оваа држава. Ние знаеме како би се соочиле, но во суштина, веројатно, беше невозможно да се соочиш со тоа затоа што тоа ќе значеше во време на ковид да се справите со сериозни реформи во јавната администрација.

Прашан – ако една политичка партија има интерес цените да се покачуваат во предизборието, тогаш дали маркетите што излегоа со соопштение дека до 15 мај, една недела по изборите, ќе ги остават цените на истото ниво како гарантираното, тоа, исто така, го прават под политичка директива, Битиќи одговори:„Не. Мислам дека тие се само општествено одговорни и возвраќаат на кориниците и милам дека тие најдобриот одговор ќе го добијат од корисниците, од оние што секојневно купуваат во нивните маркети. Завршена е ерата на тајните сили, тајната рака и заробената држава што ја гледавме до 2016 година“.