ИЛИЈЕВ : ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ПОВЕЌЕ НЕ СЕ ШИРИ КОН ГРАДОТ Е ПОД КОНТРОЛА НО СЕ ШИРИ КОН СЕЛОТО ТРКАЊЕ

0
740

Огнот веќе не е опасност за градот Кочани, но се шири во друг дел, вели градоначалникот Николчо Илијев за „360 степени“. Според него, ветрот го сменил правецот, па сега пожарот се префрлил кај селото Тркање.

„Зафатена е една огромна линија каде гори сува трева и нискостеблеста шума, теренот е непристапен, меѓутоа правиме планови како да се справиме со овој дел“, вели Илијев.

Градоначалникот информира дека околу градот состојбата е под контрола и додава дека вечерва пристигнала помош од повеќе страни.

„Тука е директорот на ЦУК, ги координираме сите сили, имаме дополнителни возила дојдени од Кавадарци, Свети Николе и Велес“, вели тој.

Според Илијев, десетина граѓани побарале лекарска помош по вдишување чад, а од огнот биле зафатени две куќи во Кочани.