Ванхауте: До изборите ќе нема средби на работните групи, една партија одбива да учествува во преговорите

0
1074

Нема преговори за медиумите, работните групи не се заинтересирани да продолжат, изјави за телевизијата „Алсат М“, белгискиот посредник, Питер Ванхауте.

– Мислам дека нема да има средба на работните групи пред изборите. Ако претставниците на една партија одбиваат да учествуваат на преговорите бидејќи не им се допаѓа консензуалниот пристап и тоа партиите да се договорат за едно прашање, тогаш не гледам причина работната група да се состане. Проблемот со расправата за ова прашање во Собранието се однесува на тоа што на крајот сè зависи од мнозинството, а не од консензусот меѓу сите политички партии – рече Ванхауте.