ИЗГОРЕА БАРАКИТЕ НА ЈП ..УЛИЦИ И ПАТИШТА” И ДВА АВТОМОБИЛА ОД КОИ ЕДНИОТ НА ОБВИНИТЕЛОТ БУБЕВСКИ

0
684

Ноќеска изгоре бараката на јавното претпријатие Улици и патишта Скопје која се наоѓаше во близина на ТЦ Буњаковец.

Според првичните информации, нема повредени, но целата документација на претпријатието е уништена.

Во големиот пожар што избувна ноќеска во кој изгореа бараките на ЈП „Улици и патишта“ во Скопје, изгоре и автомобилот на јавниот обвинител Гаврил Бубевски. Колата на поранешниот специјален обвинител била опожарена како колатерална штета, откако експлодирала таа до него, пренесе СДК.

МВР само соопшти иницијали на сопствениците на опожарените коли. Оттаму нема детали, бидејќи како што вели службата за односи со јавност, увидот на местото сè уште не е извршен.

Утринава се уште се гасеше пожарот, увидот ќе следи кога тој целосно ќе биде смирен.

„На 22.12.2021 околу 01.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица Стефан Јакимов Дедов настанал пожар во патничко возило ‘нисан’, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н. Л. (38) од Скопје. Од пожарот делумно било зафатено и патничко возило ‘шкода’ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г. Б. (45) од Скопје и бараките на ЈП ‘Улици и патишта’ кои биле целосно опожарени. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил локализиран, а повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот”, е техничката информација која ја соопшти МВР утринава.