ИГОР ЈУГ : БУНТУР НЕ ГО МЕСТЕШЕ ГРУЈО, ТОА БЕА ДРУГИ ЛИЦА ОД ,,РЕФОРМАТОРИТЕ” ПРЕКУ ПОКОЈНИОТ АДВОКАТ САВО КОЦАРЕВ

0
352

Уставобранителот Игор Југ во своето гостување во подкастот Претрес кај Кристијан Ландов откри детали за крвавиот 27-ми април каде пратеници на СДСМ беа претепани и имаше обид за линч и убиство.

-Во тоа време имаше една фракција во ВМРО-ДПМНЕ, реформатори ги викаа имаа многу убав концепт, но тој концепт беше само убави зборови. Немаше врска. Тоа беше само удар на партијата за разединување и расклимување. Ете тие преку покојниот адвокат Саво Коцарев ми дадоа толку безобразна понуда што со моите јавни ставови јас дадов до знаење дека господинот Груевски не дека не го симпатизирам туку не го сакам воопшто тие дошле до заклучок дека можеме да го врбуваме. Преку Саво Коцарев ми нудат со овие зборови „намести го Груевски за команда одговорност“ утре излегуваш од затвор, вели Југ.

За крај Југ повтори уште еднаш дека Груевски бил единствениот таргет во тоа време на власта и откри дека не бил контактиран од Петар Богојески попознат под прекарот Бунтур туку дека бил контактиран од адвокатот мислејќи на Александар Михајловски.